среда, 23. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Кина протестира поради посета на американски министер на Тајван

Кина протестира поради посета на американски министер на Тајван

Кина вложи остар протест до САД поради најавената посета на американскиот министер за здравство Алекс Азар на Тајван, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

– Кина остро се спротиставува на официјалните контакти помеѓу САД и Тајван, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин.

Азар ќе го посети Тајван во следните денови и тоа ќе биде посета на висок американски претставник на Тајван по четири децении.

За Кина, Тајван е најчувствително прашање во кинеско – американските односи и посетата на Азар најверојатно дополнително ќе ги влоши тензичните односи помеѓу Пекинг и Вашингтон.

Предвидено е Азар во Тајван да допатува со директорот на американскиот Центар за контрола и превенција на болестите Мичел Вулф и други претставници.

Според тајванското Министерство за надворешни работи посетата на Азар ја оцени како силна поддршка од од САД за Тајван.

За Пекинг, Тајван е еден од нејините провинции. САД и поголем број земји немаат формални дипломатски врски со Тајван, а за Пекинг, Тајван е еден од кинеските провинции.

Коронавирус