четврток, 22. јули 2021. Вести денес: 204
home Вести

КИНА: Пожар во училиште за боречки вештини, најмалку 18 загинати

КИНА: Пожар во училиште за боречки вештини, најмалку 18 загинати

Најмалку 18 лица загинаа и 16 се повредени денеска кога во раните утрински часови избувна пожар во училиште за боречки вештини во централна Кина, соопшти локалната влада

Локалните медиуми објавија дека повеќето од жртвите се ученици на возраст од седум до 16 години.

Пожарот е изгаснат, а властите ја испитуваат причината за пожарот, се вели во соопштението од владата на округот Зеченг во провинцијата Хенан.

Кога избувнал пожарот, во просториите имало 34 ученици.

Повредените, од кои четворица со тешки повреди – итно биле пренесени во локалната болница, каде неименуван лекар за локалните медиуми изјавил дека „прават се што можат“ за да ги спасат.

Менаџерот на центарот е уапсен, се вели во соопштението.

Коронавирус