четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 15
home Вести

Кина подготвува крузери за сместување на лекари

Кина подготвува крузери за сместување на лекари

Кинеските власти ќе обезбедат сместување на седум крузери за здравствените работници во градот Вухан, кој е епицентар на епидемијата на коронавирусот.

Десетици илјади здравствени работници се донесени во провинцијата Хубеи и градот Вухан од сите делови на Кина, со цел да се помогне во спречување на вирусот и лекување на заразените.

Првиот брод „Блу вејл“ пристигна во Вухан од Јичанг преку реката Јангце.

Седумте бродови имаат вкупно 1.469 кревети. Овие бродови обично се користат за пловење низ реката Јангце во областа позната како „Три клисури“.

Се очекува здравствените работници на бродовите да имаат добри услови за престој, за да можат да се одморат.

Коронавирус