среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 93
home Вести

Кина побара САД да ги повлече санкциите

Кина побара САД да ги повлече санкциите

Министерството за надворешни работи на Кина денеска побара од САД да ги повлечат санкциите воведени за кинеската армија поради набавката на руски воени авиони и ракети земја – воздух.

Пораката до САД ја упати портпаролот на кинеското МНР, Генг Шуанг.

Кина неодамна од Русија купи 10 авиони Сухој 35 и ракети С-400.

На мета на санкциите се најдоа и кинеското Одделение за развој на опрема и директорот Ли Шангфу поради „значителни трансакции“ со рускиот државен извозник на оружје „Рособоронекспорт“.

Американската администрација на црната листа стави уште 33 кинески државјани и субјекти кои соработуваат со руската армија и разузнавачката служба.

Санкциите се воведени врз основа на актот усвоен во 2017 година во САД наречен „Акт на борбата против американските противници преку санкции“.