среда, 4. август 2021. Вести денес: 162
Вонредна вест

ОГНОТ ЈА ЗЕМА ПРВАТА ЖРТВА – изгоре жена во Старо Нагоричане

home Вести

Кина ќе му подари на Непал уште еден милион дози вакцини против коронавирус

Кина ќе му подари на Непал уште еден милион дози вакцини против коронавирус

Кина денеска соопшти дека на Непал ќе му подари еден милион дози вакцини, што ќе биде последна меѓународна помош за оваа сиромашна хималајска земја заради влијанието на Ковид-19, јави ДПА.

„Кинескиот претседател Си Џинпинг оваа вест ја соопшти за време на телефонскиот разговор со неговиот непалски колега Биџа Деви Бхандари“, на Твитер напиша кинескиот амбасадор во Непал, Ху Јанки.

„Кинескиот претседател Кси Џинпинг кажа дека Кина ќе обезбеди еден милион дози вакцини против Ковид-19 на Непал како помош во грант“, напиша денеска Ху на Твитер.

Претходно, Кина на Непал му подари 800.000 дози од вакцината „Синофарм“.

Непал досега вакцинираше околу два милиона од околу 30 милиони жители, главно со вакцини доделени од Индија и Кина, пренесе ДПА.

Вториот бран од епидемијата е поттикнат главно од новите варијанти на вирусот, првпат откриени во соседна Индија, со која Непал дели околу 1.770 километри отворена, слабо контролирала граница. (МИА)

Коронавирус