недела, 9. август 2020. Вести денес: 74
home Вести

Кина испраќа медицински персонал во загрозениот Хонг Конг

Кина испраќа медицински персонал во загрозениот Хонг Конг

Кина испраќа медицински персонал во загрозениот Хонг Конг
Пекинг, 2 август 2020 (МИА) – Кина одлучи да испрати повеќе од 50 лабораториски техничари во Хонг Конг поради сериозно зголемување на бројот на новозаразени со коронавирусот.

Си-Ен-Ен јави дека во Хонг Конг заразата е потврдена кај уште 125 лица, со што вкупниот број на пациенти во тој град се зголеми на 3.397, додека бројот на починати во последните 24 часа изнесува 33.

Националната здравствена комисија соопшти дека по барање на специјалната автономна власт на Хонг Конг, и по наредба на Владата во Пекинг, испраќа засилување на здравствените работници поради зголемениот интензитет на епидемијата.

Од провинцијата Гуангдонг ќе бидат испратени околу 50 медицински работници, а од Вухан шест експерти кои треба да помогнат во изградба на болница со 500 кревети во Хонг Конг. (МИА)

Коронавирус