сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 105
home Вести

Кина и се приклучи на Глобалната алијанса за вакцина КОВАКС

Кина и се приклучи на Глобалната алијанса за вакцина КОВАКС

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека земјата се приклучила кон Глобалната алијанса за вакцини КОВАКС, чија цел е снабдување на земјите со ниски и средни приходи со потребната вакцина против Ковид-19, јави ДПА.

Според податоците на Обединетите нации, Кина со оваа своја одлука стана најголемата економија што ја поддржа иницијативата, на која досега и се придружија повеќе од 150 земји.

Програмата ја предводи Алијансата за вакцини ГАВИ, Коалицијата за иновации за подготвеност на епидемии (ЦЕПИ) и Светската здравствена организација (СЗО).

ДПА потсети дека САД и Русија одбија да се приклучат кон иницијативата.

-Ова е важна мерка на Кина за поддршка на концептот на заедница со здравствена заштита и да ја исполни својата заложба за промовирање на вакцините како глобален јавен производ, рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чунинг.

Кинескиот претседател Си Џинпинг претходно соопшти дека вакцината против Ковид-19, што се развива во Кина, ќе биде глобално јавно добро.

Кина во моментов има четири компании што работата на развојот на вакцина против коронавирусот и сите се наоѓаат во третата фаза од клиничките испитувања, додава ДПА. (МИА)

Коронавирус