среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 172
home Вести

Кина ги затвори сите времени болници

Кина ги затвори сите времени болници

Кина ги затвори сите времени болници во градот Вухан, епицентар на епидемијата на коронавирусот, според веб-страницата „Пејпер“, што има поддршка од администрацијата на Шангај.

Кинеските власти претходно пренаменија јавни објекти, како изложбени центри и спортски сали, во времени болници за да ги изолираат и лекуваат пациентите со новиот коронавирус.

Околу 12.000 пациенти добиле помош во тие центри.

Кинеските власти соопштија дека времените болници речиси целосно ја исполниле целта „да ги прифатат сите пациенти кои морале да бидат хоспитализирани и кои морале да бидат лекувани“

Локални избори 2021