недела, 1. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Кина ги укинува ограничувањата во Хубеи, нема случај на локална зараза во последните 24 часа

Кина ги укинува ограничувањата во Хубеи, нема случај на локална зараза во последните 24 часа

Кина денеска ги укина драстичните ограничувања воведени пред неколку месеци во покраината Хубеи, жариштето на пандемијата со новиот коронавирус.

Во последните 24 часа во Кина не е откриен ниту еден случај на локална зараза, но регистрирани се 47 пациенти кои вратиле од странство.

– Вкупно потврдени се 474 „увезени“ случаи. Најголемиот број од нив се Кинези, кои се вратија дома, се наведува во соопштението од кинеското Министерство за надворешни работи.

Исто така се додадва дека во последните 24 часа починале четири лица, од кои три во покраината Хубеи, каде се наоѓа Вухан, градот што прв настрада од Ковид-19.

Коронавирус