понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 162
home Вести

Кина ги прогласи за незаконски сите трансакции со криптовалути

Кина ги прогласи за незаконски сите трансакции со криптовалути

Кинеската Централна банка ги прогласи сите трансакции со криптовалути за нелегални и ќе бидат забранети. Со тоа тие испраќаат досега најсилен сигнал за својата решеност да ја урнат индустријата.

„Сите криптовалути, вклучително и биткоин и етер – двата најголеми – не се легална валута и не можат да се дистрибуираат на пазарот“, соопшти Банката на својата веб -страница.

Сите крипто -трансакции, вклучително и услугите што ги обезбедуваат преку офшор размена на локалните жители, се нелегални финансиски активности, се вели во соопштението.

Оваа најнова груба директива го урна биткоинот за 4,4 отсто на 41.889 долари заклучно со денеска попладне, според платформата Коиндеск. Така, дводневниот „победнички“ циклус на биткоин беше прекинат. Ова се случува во позадина на се позагрижените светски пазари поради должничката криза поврзана со претприемачот China Evergrande Group.

Кина го продолжи притисокот врз тргувањето со криптовалути во вториот квартал, во услови на пилот тестирање на дигиталниот јуан.

Локални избори 2021