сабота, 8. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Кина е загришена поради Сирија, но е против употреба на сила

Кина е загришена поради Сирија, но е против употреба на сила

Кинескиот претседател Си Џипинг изјави дека Кина е многу загрижена заради Сирија и оти традиционално е против употреба на сила во меѓународните односи.

Тој во разговор со британската премиерка, Тереза Меј рекол дека тој е за почитување на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на сите земји, но и почитување на правилата кои ги признава меѓународната заедница.

-Сега е непходно да се смири ситуацијата што посокоро и да се избегне ескалација на судири. Сеопфатна, фер и објективна истрага за нападот во Сирија е неопходна за да се дојде до кредибилен заклучок кој ќе помогне што побрзо да се дојде до политичко решение на сириското прашање, се наведува во соопштението.

Кина е подготвена да соработува со сите страни во напорите да се дојде до правилно решение.

Коронавирус