петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Кина 11.ден без локално пренесени случаи на Ковид-19

Кина 11.ден без локално пренесени случаи на Ковид-19

Осум нови случаи на Ковид-19 се потврдени денеска во Кина, што е помалку од претходниот ден, кога имаше 15, соопштија здравствените власти.

Сите нови случаи се увезени, а Кина не пријавила локални случаи на инфекција веќе 11 дена по ред.

Кина пријави уште 19 асимптоматски случаи, што е помалку од претходниот ден, кога се регистрирани 14.

Вкупниот број на потврдени заразени лица со Ковид -19 во Кина досега е 85.004, а од коронавирус починале вкупно 4.634 лица.

Коронавирус