вторник, 18. септември 2018. Вести денес: 125
home Вести

Ким Тора избран за претседател на Каталонија

Ким Тора избран за претседател на Каталонија

Каталонскиот парламент денеска го избра Ким Тора за претседател на регионалната Влада.

За Тора, кој важи за приврзаник на тврдокорното крило на каталонските сепаратисти, гласаа 66 пратеници, додека 65 беа против.

Тора беше предложен од поранешниот каталонски претседател Карлес Пуџедемон. Со неговиот избор спречени се нови избори.