понеделник, 17. декември 2018. Вести денес: 58
home Вести

Ким Кардашијан повторно на средба со Трамп

Ким Кардашијан повторно на средба со Трамп

Ѕвездата од американските реални шоуа, Ким Кардашијан повторно се сретна со претседателот на САД, Доналд Трамп, неговата десна рака Иванка и нејзиниот сопруг Џеред Кушнер. И овојпат, како и пред три месеци, нејзината мисија е ослободување затвореник.

Сега се работи за помилување на Криса Јанг, уапсен во 2010 година и осуден на доживотен затвор за поседување марихуана. Ким смета дека тоа е престрога и сурова одлука.

-Тоа не е чесно. Тој има 30 години, а в затвор минал веќе 10 години, изјави таа.

Претходната ваква мисија на Ким заврши успешно: Трамп ја помилува затвореничката за која таа се заложи.