недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Ким Џонг-ун повторно испрати писмо со благодарност до градежните работници

Ким Џонг-ун повторно испрати писмо со благодарност до градежните работници

Севернокорејскиот дневен весник „Рондонг шинмун“ денеска објави дека лидерот Ким Џонг-ун испратил писмо со благодарност до градежните работници кои се ангажирани на туристичката локација Вонсан-Калма.

– Чесниот врховен лидер Ким Џонг-ун им се заблагодари на работниците, кои активно учествуваа во изградбата на туристичката локација Вонсан-Калма“, објави „Рондонг шинмун“ без да наведе кога е испратено писмото, исто така не објави нова фотографија од Ким.

Тој вчера преку писмо им се заблагодари на градежните работници ангажирани на модернизацијата на градот Самјијон.

Севернокорејските медиуми и владини претставници се уште не ги коментирале наводите за вложената здравствена состојба на Ким.

Советникот на јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин за надворешна политика Чунг-ин Мун вчера изјави дека Ким е жив и здрав и оти од 13 април се наоѓа во областа Вонсан. Тој додаде дека за сега не се забележан и никакви сомнителни движења во Северна Кореја.

Од минатата недела светските медиуми пишуваат дека здравствената состојба на Ким е нарушена, а многумина шпекулираа и дека починал. Тој не се појавил во јавност од 11 април, а според некои информации, му била извршена операција на срце и е во лоша здравствена состојба.

Коронавирус