сабота, 15. јануари 2022. Вести денес: 0
home Вести

Ким Џонг Ун ослабел 20 килограми, еве какво е неговото здравје

Ким Џонг Ун ослабел 20 килограми, еве какво е неговото здравје

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун ослабел 20 килограми, но е здрав и сака да ја зголеми лојалноста кај јавноста додека се влошуваат економските проблеми во земјата, истакнале тамошните разузнавачки служби.

Националната разузнавачка слуба изнела дека се користеле техники на вештачка интелигенција, анализа на видео снимки и други методи за да ја анализираат состојбата на Ким.

Неговото здравје во последните месеци е во центарот на светското внимание бидејќи се појавиле фотографии и снимки на кои тој е значително ослабен. Јавно не го именувал својот наследник, а експертите наведувааѕ дека негово евентуално повлекување ако здравјето му е лошо може да предизвика хаос во земјата.

Аналитичарите кои ги следат случувањата во Северна Кореја, сепак наведуваат дека Ким нема очигледни здравствени проблеми туку дека слабеењето веројатно е последница на неговата желба да го подобри физичкиот изглед.

Коронавирус