сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 10
home Вести

Ким Џонг-ун наредил агзекуција на две лица и построги мерки за заштита од коронавирусот

Ким Џонг-ун наредил агзекуција на две лица и построги мерки за заштита од коронавирусот

Севернокорејскиот претседател Ким Џонг-ун наредил егзекуција на најмалку две лица, го забранил риболовот на море и главниот град Пјонгјанг го ставил во карантин, како дел од очајните напори земјата да ја спаси од пандемијата и нејзините штетни ефекти врз економијата, соопшти јужнокорејската разузнавачка служба во парламентот.

Американските медиуми пренесуваат дека владата на Северна Кореја, исто така, им наредила на своите дипломати во странство да се воздржат од какви било потези што можат да ги испровоцираат САД, поради загриженоста за можниот нов пристап кон земјата од страна на новиот претседател Џо Бајден.

Јужнокорејската разузнавачка служба наведува дека севернокорејските власти минатиот месец наредиле егзекуција на едно лице од менувачница, за кое сметале дека е одговорно за падот на курсот на националната валута. Истиот извор наведува дека севернокорејските власти и во август наредиле егзекуција на висок функционер поради кршење на владините ограничувања за стоките купени во странство.

Пјонгјанг и провинцијата Џагандо, на северот на земјата, се ставени во карантин поради загриженост од ширење на коронавирусот. На почетокот на овој месец, властите ставија во карантин други области во земјата каде се внесувала недозволена стока.

Севернокорејските власти тврдат дека не се пријавени случаи на Ковид-19 во земјата, а ова тврдење го проблематизираа многу странски експерти.

Појавата на голема епидемија на коронавирус во Северна Кореја може да има ужасни последици за земјата како резултат на состојбата на здравствениот сектор, поради неговата изолација и хроничен недостаток на медицински материјали.

Коронавирус