среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 158
home Вести

Казната го стигна денес: „Сопругот со секира ми ги отсече двете раце“ – шокантна исповед на млада Русинка (ВИДЕО)

Казната го стигна денес: „Сопругот со секира ми ги отсече двете раце“ – шокантна исповед на млада Русинка (ВИДЕО)

Денеска почна судењето на сопругот на Маргарита Грачева, кој со секира и ги отсекол двете раце.

Страшниот настан се случил во јануари 2017, кога сопругот ја одвлечкал Маргарита во шумата и со секира и ги отсекол рацете. Активистите за заштита на човековите права во Русија, денеска, кога почна судењето за сопругот на Маргарита апелираат до власта да го смени постојниот закон. Со овој закон, доколку само еднаш се случило семејно насилство и не довело до тешки телесни повреди, не се третира како семејно насилство или кривично дело.

-Ме однесе во шумата и ми ги стави рацете на трупец. Плачев и го молев да не го стори тоа. Само ме опомена да ја свртам главата и да не гледам што прави и тогаш ми ги пресече рацете. Пред тоа ми стави нож под грло и ме праша дали го изневерувам. Мислев дека полицијата е тука за да чува и заштитува. Кога го пријавив мислев дека ќе дојдат барем истиот ден, но тоа не се случи, раскажува несреќната жена.

Само по три дена откако полицијата и рекла дека не е ништо страшно, откако го пријавила дека и се заканува со нож, сопругот ја однел во шумата за да и ги отсече рацете.

На почеток на бракот „само“  ја тепал, така што мислела дека тоа е нормално однесување. Сега рацете и се на место по сериозните операции. Десната рака си ја нашла, а левата ја барала во шумата, целата скршена и распарчена. Докторите со бројни операции успеале да и ги вратат рацете на место, но има проблеми со движењето.

Дмитриј Грачев денеска беше осуден на 14 години затвор со забрана да им се приближи на нивните деца.

Локални избори 2021