четврток, 16. јули 2020. Вести денес: 158
home Вести

Казна од 1,5 милијарди евра за најголемото излевање нафта во историјата на Шпанија

Казна од 1,5 милијарди евра за најголемото излевање нафта во историјата на Шпанија

Правосудниот маратон во Шпанија во случајот со излевање нафта од бродот „Престиж„ во 2002 година заврши, откако Врховниот суд го потврди износот на отштета од над 1,5 милијарди евра во денешната одлука.

Судот одредува штштета во износ поголем од 1,5 милијарди евра за цивилните лица одговорни за најголемата еколошка катастрофа во историјата на земјата, соопшти Врховниот суд.

Судска отштета е доделена на шпанската и на француската влада, како и на покраинската влада на Галиција.

Освен сопственикот на танкерот, казнети се и неговиот капетан – Грк, кој сега е на возраст од околу 80 години и британска осигурителна компанија која треба да плати милијарда долари.

„Престиж“, либериски танкер кој пловел под знаме на Бахами, потона на 19 ноември 2002 година во Атлантикот, близу Галиција, шест дена откако претрпе хаварија во бура. Танкерот шест дена плуташе во Атлантскиот Океан, по што се преполови и потона.

За неколку недели повеќе од 63 илјади тони мазут се излеаја во водите близу шпанскиот, португалскиот и францускиот брег, во должина од повеќе илјади километри. Повеќе од 300.000 волонтери од цела Европа учествуваа во чистењето на плажите и карпите.

Парламентарни избори 2020