понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 17
home Вести

Казината во Лас Вегас затворени поради коронавирус

Казината во Лас Вегас затворени поради коронавирус

Лас Вегас ги затвори казината со цел да се спречи ширењето на новиот коронавирус, изјави гувернерот на американската сојузна држава Невада, Стив Сисолак.

– Тоа се однесува на здрав разум, истакна Сисолак на прес-конференција.

Затворени се и фитнес и рекреативните центри, ноќните клубови, кино салите и трговските центри.

– Пожарникарите, полицијата, сообраќајот, здравствените и социјалните центри, како и доставувачите на храна, ќе продолжат да работат, нагласи Сисолак.

Во САД се регистрирани 6.400 заболени лица од Ковид-19, а најмалку 109 се починати.

Коронавирус