среда, 4. август 2021. Вести денес: 162
Вонредна вест

ОГНОТ ЈА ЗЕМА ПРВАТА ЖРТВА – изгоре жена во Старо Нагоричане

home Вести

Катја се предозирала со новата дрогата која е популарна кај младите- милијардерот Цуканов ја нашол мртва својата ќерка

Катја се предозирала со новата дрогата која е популарна кај младите- милијардерот Цуканов ја нашол мртва својата ќерка

Рускиот милијардер Игор Цуканов го пронајде безживотното тело на својата 17-годишна ќерка Катја Цуканова во Лондон. Постои сомнение дека таа се предозирала со дрогата позната како „Келвин Клајн“- мешавина од кокаин и кетамин.

Инаку, Катја важела за една од најталентираните млади музичарки во Британија, свирела виолина и имала концерт во Кралската опера само неколку дена пред да умре.

Непосредно пред смртта се забавувала со пријателите, по што ѝ се слошило во нејзината вила во Кенгсинтон.

Веднаш била однесена во болница, но лекарите не можеле ништо да направат.

Цуканов од Русија со својата сопруга Наташа се преселил во 90-те години во Лондон, каде се родила и Катја.

-Беше толку паметна девојка, но направила еден погрешен избор. Што родителот може да направи? Децата и така ќе го прават тоа што го сакаат и никогаш нема да ви ја кажат вистината, рекол рускиот богаташ.

Нејзините другари рекле дека дрогата „Келвин Клајн“ станала популарна меѓу младите, а и дека ноќниот живот во Лондон не може да се замисли без неа.

Коронавирус