сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Катастрофален ураган ги погоди Бахами

Катастрофален ураган ги погоди Бахами

Ураганот „Доријан“, денеска, го погоди северниот дел на Бахамите, соопшти американскиот национален центар за урагани.

Од таму наведоа дека станува збор за најсилниот ураган на планетата со ветер кој дувал со брзина од 280 километри на час, пренесе Индепендент.

– Ветрови со екстремна сила и брзина ќе го погодат островот Абако во наредните часови. – се наведува во текстот.
Надлежните предупредија сите жители на Бахами да се засолнат.