петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 132
home Вести

Каталонија и одговори на Германија: Ние се грижиме за здравјето на туристите

Каталонија и одговори на Германија: Ние се грижиме за здравјето на туристите

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас им препорача на граѓаните да не патуваат на одмор во неколку шпански региони, вклучувајќи ја и Каталонија, каде расте бројот на новозаразени со коронавирусот.

– Во моментов не препорачуваме без потреба туристички да се патува во Арагон, Каталонија и Навара поради големиот број заразени и локални карантини, напиша министерот на Интернет.

Поради зголемувањето на бројот на заразени лица во многу региони, Шпанија нареди носење маски во јавност, а во некои области, вклучително и Барселона, ги повика граѓаните да не ги напуштат своите домови без потреба.

Владата на Каталонија изрази жалење поради тоа што германскиот министер за надворешни работи ги советувал своите граѓани да не патуваат во Шпанија поради зголемувањето на бројот на заразени.

– Ние не се мешаме во одлуките на другите земји, но очигледно е дека не ги делиме. Владата на Каталонија е одговорно … и ние работиме на заштита на животите и здравјето на луѓето што живеат овде и кои не посетуваат, рече министерот за надворешни работи на Каталонија Бернат Соле. (МИА)

Коронавирус