среда, 21. ноември 2018. Вести денес: 76
home Вести

Каталонците ги преплавија улиците на Барселона: Повеќе од милион луѓе повторно побараа отцепување од Шпанија (ВИДЕО)

Каталонците ги преплавија улиците на Барселона: Повеќе од милион луѓе повторно побараа отцепување од Шпанија (ВИДЕО)

Повеќе од милион луѓе излегоа на улиците на Барселона по повод одбележувањето на Диада, денот, денот на падот на градот под контрола на Шпанија во 1714 година, како би пружиле поддршка во обидот за отцепување на Каталонија од Шпанија.

Трактори на кои беа истакнати црвено- жолти каталонски знамиња влегоа во Барселона од селските подрачја, а поборниците за независноста на Каталонија носеа маици со слоганот „Ајде да изградиме Република“.

Големиот одзив на граѓаните е одговор на апелот на каталонскиот лидер Ким Тора и неговиот претседател Карлес Пуџдемон, кои истакнаа дека масовноста на демонстрациите ќе ја потврди големата поддршка на шпанската покраина.

Протестите се организирани после нешто повеќе од една година по референдумот за независноста на Каталонија, кој резултираше со праќање на полиција за разбивање на побуната и унилатералното прогласување на независност.

Тора, како и останатите демонстранти, носеше жолта трака, со што алудира на девет политичари кој во притвор чекаат судење за учество во обид за отцепување на Каталонија.

Судењето за деветте политичари би требало да почне на крајот на оваа година.