четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 151
home Вести

Катајнен: Глупаво е ЕУ да прави отстапки кон Британија на своја штета

Катајнен: Глупаво е ЕУ да прави отстапки кон Британија на своја штета

Потпретседателот на ЕК Јирки Катајнен денеска изјави дека би била „глупава работа“ ЕУ да направи отстапки кон Британија, кои би го ставиле Брисел во неповолна позиција само за да се постигне договор за Брегзит.

-Нема причина за какви било отстапки кон Британија, која знае за последиците од напуштање на Унијата, изјави Катајнен, кој е и комесар на ЕУ задолжен за вработување, раст, инвестиции.

Тој во текот на посетата на Кипар наведе дека ЕУ преговара во добра вера и оти постигнала добар договор, кој го отфрли британскиот Парламент.

Катајнен вели и оти не гледа „многу простор за маневар“ кога станува збор за договор, кој ќе спречи враќање на царинската контрола меѓу Ирска и Северна Ирска.

Коронавирус