недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Карванот мигранти пристигна во Мексико Сити

Карванот мигранти пристигна во Мексико Сити

Голема група мигранти од Централна Америка која патува низ Мексико кон САД, пристигна во Мексико Сити каде најде засолниште на стадион, каде локалните власти поставија полски кревети, храна и лекови.

Групата мигранти е составена од над илјада жители на неколку централноамерикански држави.

Мигрантите пристигнаа во Мексико Сити, кој е оддалечен околу 500 километри од најблиската граница со САД. Првиот караван мигранти тргна пред четири недели од Хондурас.

Илјадници мигранти се движат во неколку групи од Вера Круз, од Пуебло и од Чиапас.

САД врши притисок врз мексиканските власти да го запрат напредувањето на мигрантите, поради што претседателот на Мексико, Енрике Пења Нието им понуди на мигрантите привремени документи за идентификација и работа доколку се пријават за азил во мексиканските држави Чиапас и Оаксака.

МИА

Коронавирус