недела, 16. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Карен Карапетjан ќе ја извршува премиерската функција во Ерменија

Карен Карапетjан ќе ја извршува премиерската функција во Ерменија

Првиот вицепремиер на Ерменија Карен Карапетјан ќе ја извршува должноста премиер по оставката на Серж Саргсјан.

Одлуката е соопштена попладнево, по вонредната седница на Кабинетот на министри, со која претседаваше Карапетјан, се вели во соопштението на владината прес-служба.

Тој цитираше повеќе закони, меѓу кои и законот за структурата и овластувањата на Владата, според кој доколку премиерот е отсутен или е спречен да ги извршува неговите обврски, неговите работни задачи ги извршува првиот потпретседател.

Саргијан, кого Парламентот на 17 април го избра за премиер, денеска поднесе оставка по неколкудневните масовни протести против неговото назначување на оваа функција.

Демонстрантите на улици излегоа поради спорна измена на уставен амандман кој во 2015 година извршната власт ја пренесува од рацете на претседателот во раце на премиерот.

Именувањето на Саргсјан за премиер е дел од ерменската транзиција кон систем што намалува овластувања на претседателот и јакне премиерски овластувања додека критичарите сметаат дека таа измена на Саргсјан ќе му овозможеше доживотно да ја води државата.

(Миа)

Коронавирус