среда, 14. ноември 2018. Вести денес: 125
home Вести

Канадскиот премиер задоволен од придобивките на трговскиот договор со ЕУ

Канадскиот премиер задоволен од придобивките на трговскиот договор со ЕУ

Канадскиот премиер Џастин Трудо и францускиот претседател Емануел Макрон разговараа денеска во Париз за обновување на економското партнерство меѓу двете земји.

Целта е поттикнување на економскиот раст, отворање на нови работни места и поголем прилив на инвестиции.

На заедничката прес-конференција Трудо ги пофали придобивките од трговскиот договор меѓу Канада и ЕУ, кој стапи во сила во септември минатата година.

– Веќе ги забележуваме резултатите од новите трговски прописи, истакна канадскиот премиер, алудирајќи на Сеопфатниот економски и трговски договор (ЦЕТА).

Според Трудо, увозот на Канада од Франција минатата година се зголемил за четири отсто, додека канадските инвестиции во Франција се зголемиле за 23 проценти.

МИА