четврток, 30. март 2023. Вести денес: 136
home Вести

Канада ќе ја одобри вакцината на Фајзер за деца од 12 до 15 години

Канада ќе ја одобри вакцината на Фајзер за деца од 12 до 15 години

Канада стана прва земја на светот која ја одобри ковид вакцината на „Фајзер/Бионтек“ за деца од 12 до 15 години, опишувајќи го потегот како светло на крајот на тунелот.

„Вакцината на ‘Фајзер/Бионтек‘ е безбедна и делотворна и за помладите возрасни групи. Почнуваме да го гледаме светлото на крајот на тунелот. Ова ќе им помогне на децата да се вратат во нормален живот, откако на сите им беше многу тешко минатата година“, изјави Суприја Шарма, виша советничка во канадското министерство за здравство.

Околу 20% од регистрираните 1,24 милиони случаи на коронавирус во Канада се помлади од 19 години.

Се очекува и американската Агенција за храна и лекови наскоро да донесе ваква одлука, додека Европската Унија е во фаза на анализа.

„Фајзер“ претходно соопшти дека децата можат да имаат слични несакани ефекти од вакцината како возрасните, особено по втората доза. Во истражувањето што опфатило 2.260 млади волонтери, никој од целосно вакцинираните деца не се заразил со коронавирус.