вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Канада ќе ја одобри вакцината на Фајзер во декември

Канада ќе ја одобри вакцината на Фајзер во декември

Канада најверојатно ќе ја одобри вакцината на Фајзер во декември, во исто време со САД и Европската унија, изјави висок претставник на регулаторот за здравство во земјата.

Канаѓаните претходно соопштија можат да ја одобрат вакцината на Фајзер во првиот квартал од 2021 година, но поради итноста на ситуацијата, процесот ќе биде забрзан, како и во САД.

Според оценки на канадските здравствени експерти, вакцината на Фајзер и Бионтек е најнапредната од сите што се појавија, изјави Суприја Шарма, висока функционерка во Министерството за здравство на Канада.

– Мислам дека треба да се очекува дека ќе ја одобриме вакцината во декември, првите пратки може да пристигнат во јануари, во најдобра варијанта, и тоа се проценките што можам да ви ги кажам сега, рече таа. (МИА)

Коронавирус