четврток, 19. мај 2022. Вести денес: 169
home Вести

Канада испрати трупи на специјалните сили во Украина

Канада испрати трупи на специјалните сили во Украина

Канада испрати мал контингент од воените сили за специјални операции во Украина, објавија канадски медиуми, повикувајќи се на неименувани извори.

Според нив, таквиот потег е „дел од напорите на сојузниците во НАТО да ја запрат руската агресија и да најдат начини за поддршка на украинската влада“.

Друга задача што им е доделена на специјалните сили е да ги евакуираат канадските дипломати во случај на влошување на ситуацијата во Украина, се наведува во извештајот.

Претходно медиумите објавија дека Канада испратила 200 војници во Украина за да помогнат во обуката на локалните војници. гт/

2022-01-18 07:56:48, од Габриела Точко

Коронавирус