сабота, 21. јули 2018. Вести денес: 54
home Вести

Канада ги враќа дома семејствата на своите дипломати на Куба

Канада ги враќа дома семејствата на своите дипломати на Куба

анада одлучи да ги врати во земјата семејствата на своите дипломати кои се на служба на Куба, по низата необични здравствени симптоми регистрирани минатата година, соопшти канадската Влада.

Десетмина Канаѓани се пожалија на силни главоболки, проблеми со слухот, чешање и неможност за концентрација минатата година, во периодот од пролетта до есен.

„Причините за нивната таква здравствена состојба остануваат неразјаснети, но можно е да се резултат на човечки фактор“, се наведува во соопштението на канадското Министерство за надворешни работи. Во него не се наведуваат предлози за откривање на одговорните лица, туку се фалат „конструктивните и позитивни односи со Куба“.

„Поради таквата несигурност, канадските дипломати на Куба нема да бидат придружувани од членови на семејствата, а во идните недели ќе биде направен распоред за повлекување на роднините на дипломатите кои се таму“, се наведува во соопштението на канадското МНР.

На такви здравствени проблеми лани се пожалија и 24 американски дипломати во Хавана, а САД се сомнева дека било користено „звучно оружје“ за да предизвика мозочни удари на дипломатите. Куба ги отфрли тврдењата за т.н. „сонични напади“, нарекувајќи ги „научна фантастика“.

Канадската Влада соопшти дека нема нови случаи од есента 2017 година, но семејствата на дипломатите кои се вратија во татковината, се уште ги покажуваат таквите здравствени симптоми.