вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 175
home Вести

Канада ги отвори границите за целосно вакцинирани странци

Канада ги отвори границите за целосно вакцинирани странци

Канадските власти од денеска ги отвораат државните граници за целосно вакцинирани странци кои сега можат и туристички да патуваат во земјата.

Според соопштението на канадското Министерство за надворешни работи, државјани на други земји кои се целосно вакцинирани само со вакцини на „Фајзер“, „Модерна“, „Џонсон и Џонсон“ и „Астра Зенека“, можат да пристигнат во Канада најмалку 14 дена после втората доза. Покрај тоа, туристите мора да имаат и негативен ПЦР тест направен до 72 часа пред да пристигнат во Канада, како и да се регистрираат во специјална апликација за патување.

Царинските службеници го задржуваат правото да упатат патник на експресен тест за коронавирус. На целосно вакцинираните странци нема да им биде потребен 14-дневен карантин, како што сега им е наложено на невакцинираните Канаѓани кога ќе се вратат дома.

Министерството за надворешни работи појасни дека децата под 12-годишна возраст можат да бидат без вакцини, но мора да бидат придружени од целосно вакцинирани родители или старатели. Тие, исто така, не мора да бидат во карантин две недели, но на тие деца им е забрането да ги посетуваат образовните институции и преполните места во текот на првите 14 дена од нивниот престој во Канада.

Локални избори 2021