недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 98
home Вести

Камповите во Германија ќе бидат од затворен тип, без интеграција на мигрантите

Камповите во Германија ќе бидат од затворен тип, без интеграција на мигрантите

Договорот меѓу Христијанско демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел и Христијанско социјалната унија (ЦСУ) на министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер предвидува мигрантските центри што ќе бидат отворени во Германија, да гаранатираат дека мигрантите нема да имаат речиси никаков контакт со надворешниот свет, јави ДПА.

Во центрите во кои ќе се обработуваат барањата за азил нема да биде предвидено ниту изучување на германскиот јазик. Со овие центри се напушта праксата барателите на азил да бидат распоредувани низ германските градови и села, каде го учеа германскиот јазик и имаа можност за интеграција.

Според барањата на министерот Зехофер, овие центри ќе бидат строго наменети за обработка на барањата за азил и нема да ги подготвуваат мигрантите за подолготраен престој во Германија.

Зехофер се закануваше со оставка и со раскинување на долгогодишната коалиција меѓу неговата баварска ЦСУ и ЦДУ, доколку не се стори нешто во врска со напливот на мигранти.

Договорот, сепак, допрва ќе треба да го прифати и третиот коалициски партнер во Владата на Меркел – Социјалдемократската партија на Германија (СПД).

Засега само Баварија реши да отвори ваков центар, додека другите германски покраини се немаат изјаснето.

Медиумите оценуваат дека во баварскиот пилот-центар мигрантите живеат во пренатрупани објекти и честопати протестираат поради условите за живот.

МИА

Коронавирус