четврток, 20. јануари 2022. Вести денес: 42
home Вести

Камингс: По изборите во Велика Британија можно е ниту една партија да нема мнозинство во парламентот

Камингс: По изборите во Велика Британија можно е ниту една партија да нема мнозинство во парламентот

Изборите на 12 декември може да доведат до уште еден парламент каде ниту една партија нема да располага со мнозинство, тврди Доминик Камингс, главен советник на британскиот премиер Борис Џонсон, пренесоа британските медиуми.

Конзервативната партија на Џонсон има сериозна предност пред опозицијата предводна од лабуристите на Џереми Корбин, иако таа во последните денови е намалена.

-Верувајте ми, како на некој кој работел многу предизборни кампањи, нештата се многу потензични отколку што изгледаат на прв поглед и има реална можност да добиеме „израмнет парламент“, рече тој, имајќи предвид нефункционален парламент во кој ниедна партија нема да располага со мнозинство.

Коронавирус