сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 104
home Вести

Какви тајни ќе дознаеме: Турбуленции во Белата куќа пред објавувањето нова книга за Трамп

Белата куќа досега ја напуштија повеќе важни соработници на Трамп, како директорот за комуникации Хоуп Хикс и секретарот на администрацијата Роб Портер. Смени изминатиов период имаше и на раководни позиции во повеќе министерства, а последен во таа низа беше државниот секретар Рекс Тилерсон, кого го земни досегашниот директор на ФБИ, Мајк Помпео. 
Какви тајни ќе дознаеме: Турбуленции во Белата куќа пред објавувањето нова книга за Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп во серија од твитови објавени викендов ги нападна специјалниот обвинител Роберт Мјулер и поранешниот директор на Федералното истражно биро (ФБИ), Џејмс Коми.

Истрагата на специјалното обвинителство за наводни врски на кампањата на Трамп со Русија трае веќе цела година и Мјулер наскоро треба да излезе со конкретни обвиненија или да го заврши случајот и да отфрли секаква поврзаност на рускиот фактори со поединци од изборниот штаб на американскиот претседател за изборите во 2016 година.

Коми пак, најави промоција на книга мемоари каде се разоткриваат детали од прва рака од неговите разговори со претседателот во месеците по неговата победа во ноември 2016 година. Трамп го разреши Коми лани вo мај, што беше повод за формирање на специјално обвинителство за спроведување истрага за вмешаноста на Русија во кампањата на новоизбраниот претседател.

Мјулер минатата недела со судски налог побара дополнителни документи од главната компанија на американскиот претседателот „Организација Трамп“.

Критките на претседателот, како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, поттикнаа некои републиканци да се стават во одбрана на Мјулер и да предупредат дека доколку Трамп го разреши и него, тоа би значело укинување на владеењето на правото.

Демократите пак велат дека доколку претседателот се реши на таков чекор, тоa ќе означи почеток на крајот на неговиот престој во Белата куќа.

Весникот „Вашингтон пост“ порача дека републиканците испуштиле шанса да испратат јасен сигнал дека претседателот ќе биде соочен со сериозни последици ако го разреши Мјулер.

Серијaта твитови на Трамп дојдо по „големото проветрување“ во претседателската администрација, Стејт Департментот и ФБИ.

Белата куќа досега ја напуштија повеќе важни соработници на Трамп, како директорот за комуникации Хоуп Хикс и секретарот на администрацијата Роб Портер. Смени изминатиов период имаше и на раководни позиции во повеќе министерства, а последен во таа низа беше државниот секретар Рекс Тилерсон, кого го земни досегашниот директор на ФБИ, Мајк Помпео.

Минатата недела се слушнаа гласини дека Администарцијата ќе ја напушти и советникот на Трамп за национална безбедност, влијателниот генерал Херберт Мекмастер. Белата куќа ги негираше овие гласините, но набзро потоа по налог на јавниот обвинител и секретар за правда Џеф Сешнс беше разрешен заменикот директор на ФБИ, Ендрју Меккејб.

Ова најново разрешување го поттикна Трамп да напише на Твитер дека е задоволен од чекорот, обвинувајќи го при тоа Коми за лицемерие и прекривање „лаги и корупција“ во ФБИ.

Коми возврати дека на увид на јавноста наскоро ќе биде ставена неговата книга мемоари „Висока лојалност“. – Американскиот народ наскоро ќе ја чуе и мојата страна на приказната. Самиот нека суди кој е чесен, а кој е не, објави Коми.

Во моментов „Висока лојалност“ е на прво место на листата на најпопуларни книги на онлајн книжарницата „Амазон“. Аналитичарите смеатаат дека токму твитовите на Трамп од изминатиотв викенд  ја зголемиле популарноста на книгата за која во претплата се бара копија повеќе.

Слично бранување во јавноста како делото на Коми, предизвика и книгата „Оган и бес“ на новинарот Мајкл Вулф, објавена во јануари. (МИА)

Коронавирус