понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 120
home Вести

Како звучи младата активистка Грета Тунберг без подготвен текст?

Како звучи младата активистка Грета Тунберг без подготвен текст?

Неколку дена откако ги критикуваше светските лидери, младата активистка Грета Тунберг не престанува да биде во центарот на вниманието. Реакциите на јавноста се поделени, додека едни ја поддржуваат во активизмот, други сметаат дека таа е дел од проект.

Видео снимка од прес-конференција на шведската активистка се појави на интернет и на неа може да се види како таа „неумешно“ одговара на прашања на новинарите без претходна подготовка.

Видеото од панелот, кое веќе стана вирално, сега веќе е во прилог на „теоријата“, која можеше да се прочита овие денови, дека Грета е проект на големите сили и дека самата не би имала капацитет да го изнесе теретот на глобалната промоција на своите идеи.

Дали можете да ни кажете која е пораката која сакате да ја пренесете на светските лидери и дали е време претседателот Трамп да одговори на тоа што го кажавте денеска, ја прашува новинарот Грета.
Извинете, кое беше првото прашање?, прашува збунето Грета.
Кога новинарот и го повтори прашањето, младата активистка се обиде да го одговори.

Пораката која сакаме да ја испратиме е дека ни е доста, кратко одговори и застана, а потоа додаде: „Дали некој друг сака да одговори на ова прашање?
Мислам дека треба да поставувате прашања и на другите, рече Грета и го заврши своето излагање.

Коронавирус