петок, 14. мај 2021. Вести денес: 1
home Вести

Како всушност убива хемиското оружје?

Сарин е користен во терористички напади во Јапонија во 1994. и 1995. година
Како всушност убива хемиското оружје?

Најмалку 70 луѓе загинаа пред два дена во наводен напад со хемиско оружје на град под контрола на сириските бунтовници, Дума, соопштија спасувачи и лекари. Очевидци велат дека хеликоптер фрлил буриња-бомби во кои имало нервен гас-сарин.

Гасот од хлор е моќно средство кое може да предизвика големи штети на човечкото тело. Како што што паѓа на земјата и го заменува воздухот моѓе да ги загрози и луѓето кои во моментот се под земја. Само мала количина на сарин може да биде смртоносна.

Саринот е дефинитивно најопасниот нервен агенс, а ова се неколку важни факти кои треба да се знаат за него:

-Развиен е во Германија во 1938 година како пестицид

-Сусптанцата е слична на инсектицидите, но е многу посилна

-Проѕирна е, нема боја и мирис и може лесно да се раствори во вода

-Брзо испарува во густ гас кој најдобро се шири во пониските подрачја, а е најагресивен од сите нервни агенси.

-Може да биде во облик на бомба

-На луѓето им влијае така што ги напаѓа кожата, очите, белите дробови, а извор на труење може да биде и облека, како и храна

-Сарин е користен во терористички напади во Јапонија во 1994. и 1995. година

-Во 2013. година за време на наколку напади во Сирија сарин користеше и режимот на Башар ал Асад

Зошто саринот е толку смртоносен?

Нервните агенси ги напаѓаат холинергичните рецептори, кои се користат за пренесување сигнал меѓу мозокот и мускулните ткива.

Хемикалијата во саринот специфично ги пренасочува ензимите кои поминуваат меѓу нервните и мускулните ќелии, така што ги тера мускулите постојано да се грчат.

Таквата состојба доведува до парализирање на жртвите, престанок на дишењето, предизвикување на конфузија, а сето тоа во поголемиот дел од случаи доведува до смрт.

Коронавирус