четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Како Путин станал претседател: Зетот на Борис Елцин открил зошто тој го избрал Владимир за свој наследник

Како Путин станал претседател: Зетот на Борис Елцин открил зошто тој го избрал Владимир за свој наследник

Поранешниот руски претседател Борис Елцин во Владимир Путин виде човек кој ќе ја продолжи неговата либерална реформа, рекол поранешниот раководител на администрацијата на Кремљ, Валентин Јумашев.

„За Елцин беше важно тоа што е Путин од друга генерација, затоа што земјата не смееше да се остави на оние кои управувале за време на Советскиот Сојуз“, рекол Јумашев за време на јавното интервју во Јакетеринбург.

Елцин сметаше дека Путин ќе може да донесе вистински одлуки, објаснил Јумашев, кој е оженет со ќерката на Елцин. Така поранешниот претседател на Русија дури и дал оставка половина година пред изборите за Путин да има подобри шанси против Примакова и Лушкова. Интересно е дека Елцин и Путин снимиле новогодишно обраќање за 2000 година, и тоа на 31. декември.

Иако Елцин снимил обраќање, на крајот на снимањето станал и им рекол дека снимањето било лошо и дека е потребно да се повтори на 31. декември.

„Сите дојдоа на 31. декември во 7 часот утрината. Во тој момент само четири луѓе знаеја што ќе се случи: Волошин – шефот на претседателската администрација, идниот претседател Путин, Татјана Борисовна, ќерката на Елцин и јас“, раскажал Јумашев.

Тој додал дека снимателската група која го снимила обраќањето на Елцин била заклучена во соба додека шефот на државата не објавил дека поднесува оставка и додека касетата со снимката од Јумашев, заедно со Константин Ернесто не била однесена во „Останкино“.

„Имавме многу жесток тајминг тој ден. Путин снимаше обраќање, ако не се лажам, во 14 или 15 часот после состанокот со безбедносните сили, а потоа беше објавено“, рекол Јумашев.

Вршител на должност шеф на државата станал премиерот Путин, а на 26. март 2000 година победил на претседателските избори во првиот круг со 52,94 отсто од гласовите.