понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 16
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Како оперски пејач им помага на парижани да се справат со самоизолацијата (ВИДЕО)

Како оперски пејач им помага на парижани да се справат со самоизолацијата (ВИДЕО)

Францускиот оперски пејач Стефан Сенешал (43) секојднено пее на балконот, со цел да ги охрабри своите соседи во време на корона-криза и забраната за движење во Франција.

Тенорот секоја вечер во 19 часот има „настап“ и тоа трае веќе две седмици.

– Јас не сум лекар, не сум херој, не сум болничар. Сe што знам е да пеам и да придонесам за малку радост – изјави Сенешал за тамошните медиуми.

Тој смета дека ова е само еден начин со кој може да ги забавува своите претежно соседи и да се оттргнат од здодевноста.

Тој пред некој ден ја изведе песната „Somewhere“ од мјузиклот „Приказна од западната страна“, посветувајќи им ја на здравствените работници низ целиот свет, кои се борат со пандемијата на новиот коронавирус.

Коронавирус