недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 29
home Вести

Како е на светските берзи ова утро? Нафтата, златото и биткоинот стабилни

Како е на светските берзи ова утро? Нафтата, златото и биткоинот стабилни

Азиските берзи се во пораст на почетокот на трговската недела во која се очекува да се објави кварталниот извештај за за бизнисот на голем број компани, иако вестите од Кина за воведување даноци на имот во некои региони имаа негативно влијание врз акциите на пазарот на капитал во Хонг Конг и на кинескиот пазар.

Најширокиот азиско-пацифички берзански индекс на MSCI, без јапонскиот, порасна за 0,26 отсто, додека јапонскиот Nikei падна за 1,0 отсто поради слабеењето на профитот на неколку домашни компании, пренесува Ројтерс.

Австралиските акции пораснаа за 0,47 отсто, поддржани од вредноста на рударските фирми, додека јужнокорејските акции пораснаа за половина процент, при што нивниот раст е ограничен од позабавената инвестициска активност во Голема Кина.

Кинескиот индекс на најликвидни акции стагнираше, додека под-индексот на акции во секторот за недвижности падна за 3,0 проценти. Референтниот индекс на берзата во Хонг Конг зајакна 0,18 проценти, и покрај падот на акциите на копнените компании за недвижности наведени на пазарот за 2,6 проценти.

Падот на акциите на компаниите за недвижнини дојде по саботната најава на кинескиот парламент дека во некои региони ќе биде воведен пилот данок на недвижности. За потсетување, кинескиот градежен гигант Евергранд минатата недела едвај го избегна колапсот плаќајќи купони на обврзници, а според денешните извештаи на Ројтерс – некои обврзници добиле пари.

Притоа, таа компанија не е единствена која се наоѓа на финанскиска ивица. Имено, ги има барем уште 4, што потврдува дека кинескиот пазар на недвижнини е прилично потресено.

На берзите, индексот на доларот, според последните расположливи податоци, изнесува 93.521 поен, што е дневен пад од 0,15 отсто и се движи кон месечниот минимум од 93.455 поени, забележан минатата недела.

Трговците чекаат податоци за бруто домашниот производ на САД за третиот квартал, кои ќе бидат објавени во четврток.

Пазарите се уште се обидуваат да се позиционираат за очекуваното намалување на американската стимулативна програма на крајот на оваа година и можното зголемување на каматните стапки до крајот на 2022 година. Претседателот на Федералните резерви Џером Пауел во петокот рече дека американската централна банка треба да започне процесот на намалување на поддршката со намалување на купувањето средства, но дека сè уште не треба да ги допира каматните стапки.

На пазарите на суровини, цените на нафтата сè уште се на нагорна траекторија, продолжувајќи го растот регистриран пред викендот, при што американската нафта достигна највисоко ниво во последните седум години, бидејќи глобалната понуда останува недоволна во однос на растечката побарувачка ширум светот. Северноморската нафта „Брент“ скокна за 0,88 проценти на 86,28 долари за барел, додека американската нафта „ВТИ“ порасна за 1,11 проценти на 84,69 долари, што е највисоко ниво во последните седум години.

Цената на златото за испорака на самото место зајакна за 0,3 отсто на 1.797 долари за унца. Вредноста на овој благороден метал расте во последните две недели поради зголемената загриженост за инфлацијата. Биткоинот, кој исто така е сè повеќе заслужен за заштита од инфлација, се тргува за 61.901 долари, што е раст од 1,6 отсто на дневна основа, по минатонеделното турбулентно тргување кога достигна ново највисоко ниво од 67.016 долари.

Коронавирус