вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 100
home Вести

Кај Сицилија запленети 11 тони хашиш

Кај Сицилија запленети 11 тони хашиш

Италијанската полиција на една јахта во близина на бреговите на Сицилија заплени 11 тони хашиш, при што се приведени двете лица што се наоѓале бродот, кои биле бугарски државјани.

Полицијата дејствувала по добиени оперативни информции од Шпанија.

Јахтата била пресретната во реонот на Рагуза, по што била однесена во пристаништето Поцало, каде бил извршен детелен претрес и откриена дрогата.

Полицијата претпоставува дека хашишот бил натоварен на 19-метарската јахта во Мароко и требало да биде пренесен до Либија.

МИА

Коронавирус