понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 28
home Вести

Јужнокорејскиот претседател бара масовно тестирање на Ковид-19

Јужнокорејскиот претседател бара масовно тестирање на Ковид-19

Политичкиот блок на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро освои мнозинство на вчерашните парламентарни избори во земјата кои беа бојкотирани од водечките опозициски партии, додека некои меѓународни организации изборите ги оценија за „наместени“.

Победата сега му дава на Мадуро контрола врз целата влада.

-Повторно го освоивме мнозинството во Националното собрание со гласовите на граѓаните. Без никаква дилема, тоа е голема победа за демократијата, рече Мадуро, пренесен од американските медиуми.

Британските медиуми пренесуваат дека Обединетата социјалистичка партија на Венецуела на Мадуро и нејзините коалициски партнери освоија 67 проценти од местата во парламентот, изјави Индира Алфонс, претседател на изборната комисија.

Комисијата соопшти дека на изборите учествувале само 31 процент од 20 милиони регистрирани гласачи.

Со Националното собрание досега претседаваше Хуан Гуаидо, кој речиси две години се обидува да го симне од власта Мадуро и да стави крај на кризата во Венецуела.

Гуаидо беше отворено поддржан од Вашингтон.

Коронавирус