четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 140
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ и денес протестира, блокада на три раскрсници, Влада, МНР и министерство за правда

home Вести

Јужнокорејски воени авиони пукале на руски воен авион

Јужнокорејски воени авиони пукале на руски воен авион

Воени авиони на Јужна Кореја пукале во знак на предупредување откако руски авион го нарушил воздушниот простор на таа земја.

Според Министерството за одбрана на Јужна Кореја, три руски воени авиони првобитно влегле во јужнокорејската одбранбена зона на источниот брег, пред еден од нив да влезе во воздушниот простор на таа земја.

„По предупредувачките истрели авионот го напушти воздушниот простор на Јужна Кореја, но подоцна се врати и повторно го повреди“, изјавија од Министерството. „Рускиот авион во ниту еден случај не возвратил. Вкупно се испукани 360 куршуми“.

Трите руски авиони влегле во јужнокорејската одбранбена идентификациона зона со три кинески воени авиони, не е познато дали тоа го сториле намерно.

Инцидентот се случи во подрачје на островот Токто кој се наоѓа источно од јужниот дел на Корејскиот полуостров и претставува предмет на спор меѓу Сеул и Токио.

По овој повод се огласи и Русија со соопштение дека нивните бомбардери Tu-95S не го нарушиле воздушниот простор на други држави во текот на летот над Јапонското Море.

„Немаше никакво предупредувачко пукање. Ако руските пилоти почувствуваа закана кон нивната безбедност ќе следеше одговор“, нагласуваат од Министерството за одбрана.

Следна беше реакцијата на Јапонија од каде е соопштено дека и тие ги активирале нивните борбени авиони бидејќи инцидентот се случил над Јапонското Море. Јапонската влада предаде протесни ноти на Русија и на Јужна Кореја.

Коронавирус