понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 129
home Вести

Јужнокорејска делегација пристигна во Северна Кореја за да договори билатерална средба на високо ниво

Јужнокорејска делегација пристигна во Северна Кореја за да договори билатерална средба на високо ниво

Јужнокорејска делегација составена од високи функционери предводена од специјален пратеник на претседателот Мун Џе-ин денеска пристигна во Северна Кореја каде ќе разговара за организирање средба на врвот меѓу двете Кореи која би се одржала подоцна овој месец.

Не се знае со кого ќе разговараат јужнокорејските претставници, ниту дали ќе се сретнат со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун .

Кабинетот на јужнокорејскиот претседател соопшти дека делегацијата, предводена од претседателскиот советник за национална безбедност, ќе однесе лично писмо до Ким Џонг-ун.

Се истакнува и дека претставниците имаат многу важна задача „во многу важен момент“, кој може да ги одреди перспективите за постигнување траен мир на Корејскиот полуостров.

(Миа)

Коронавирус