недела, 27. септември 2020. Вести денес: 108
home Вести

Јужнокорејците ќе добијат паричен надоместок за справување со кризата предизвикана од Ковид-19

Јужнокорејците ќе добијат паричен надоместок за справување со кризата предизвикана од Ковид-19

Јужна Кореја најави дека на сите семејства, освен на најбогатите, итно ќе им префрли на сметка финансиска помош за да можат полесно да се изборат со коронакризата, а во план е уште еден буџетски додаток со цел да се олесни притисокот врз економијата.

На секое домаќинство, со исклучок на 30 отсто од нив со најголеми заработувачки, ќе му биде префрлено по околу 820 долари како „итна помош во случај на катастрофа“, што ќе ја чини земјата околу 7,4 милијарди долари, најави јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин.

Тој рече дека граѓаните трпеле поради коронавирусот и сите заслужуваат награда за страдањето и придонесот во превентивните напори.

Владата мора да собере колку може повеќе финансиска сила за да се подготви за економскиот шок кој следува и не му се гледа крајот, нагласи Мун.

Властите, исто така, планираат да подготват уште еден буџетски додаток во вредност од речиси 5,80 милијарди долари, кој Парламентот се очекува да го одобри во април.

Најавено е дека некои мали и средни компании од овој месец ќе бидат ослободени од обврските да плаќаат сметки за комунални услуги.

Новите мерки се надоврзуваат на останатите потези кои ги презеде Владата во обид да се намали притисокот од здравствената криза врз јужнокорејската економија.

Коронавирус