сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Јужна Кореја развива ултрамали сателити за следење на Северна Кореја

Јужна Кореја развива ултрамали сателити за следење на Северна Кореја

Јужна Кореја работи на сателит со исклучително мала големина за подобро да ги следи воените активности на Северна Кореја.

Малите сателити со технологија на синтетички радари би требало да овозможат Сеул да ги следи активностите на Пјонгјанг во речиси реално време, соопшти јужнокорејската Агенција за развој на одбраната.

Со истовремена употреба на 32 единици од таквите сателити јужнокорејската армија ќе може да следи што се случува во Северна Кореја секои 30 минити 24 часа.

Истражувањето е покренато во декември минатата година и сега е во прелиминарна фаза, а се очекува да биде завршено во 2023 година.

Другите клучни истражувачки иницијативи опфаќаат подморници без екипаж, технологија на невидливи беспилотни летала, како и терапија за Ковид-19.

Според јужнокорејската армија, подморниците без екипаж ќе можат да собираат информации во близина на морската граница помеѓу двете Кореи, без да ги изложиуваат на ризик морнарите. (МИА)

Коронавирус