сабота, 15. јануари 2022. Вести денес: 67
home Вести

Јужна Африка регистрира најмногу заразени од појавата на Омикрон

Јужна Африка регистрира најмногу заразени од појавата на Омикрон

Јужна Африка денеска регистрира речиси 20.000 нови случаи, што е рекордна бројка од почетокот на бранот на варијантата Омикрон од крајот на ноември.

Јужноафриканскиот национален институт за заразни болести (НИЦД) на својата Интернет страница соопшти дека денеска се регистрирани 19.842 нови случаи на Ковид, така што вкупниот број на заразени е 3.071.064 од почетокот на пандемијата.

Во последните 24 часа починале уште 36 пациенти, со што вкупниот број на починати од Ковид е 90.038.

Зголемен е и бројот на хоспитализирани за 374, па сега има 4.252 пациенти во болниците низ Јужна Африка. (МИА)

Коронавирус