среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 20
home Вести

Јужна Африка распиша потерница по свештеник милионер

Јужна Африка распиша потерница по свештеник милионер

Јужноафриканските власти распишаа потерница по контроверзен свештеник, милионерот Шепард Бушири, кој плати кауција по апсењето, а потоа избега во својата земја Малави.

Бушири преку социјалните мрежи им рече на своите следбеници дека ја напуштил Јужна Африка затоа што добивал смртни закани.

Свештеникот прво бил уапсен под обвинение за измама и перење пари, потоа платил кауција и бил ослободен од затвор, а потоа избегал од Јужна Африка, не е познато кога и како, јави Би-Би-Си.(МИА)

Коронавирус