петок, 24. септември 2021. Вести денес: 129
home Вести

Јутјуб го суспендира каналот на Болсонаро, ширел дезинформации за Ковид-19

Јутјуб го суспендира каналот на Болсонаро, ширел дезинформации за Ковид-19

Видео платформата ЈуТјуб денеска ги отстрани видеата на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро поради ширење дезинформации за Ковид-19.

Во соопштението на ЈуТјуб се наведува дека одлуката е донесена „по внимателното прегледување“ и без да биде земено во оглед функцијата или политичката идеологија на Болсонаро.

Претседатлот на Бразил е критикуван поради рекламирање на недокажани лекови, ширење на сомнеж за вакцината протиов Ковид-19 и збегнување да носи маска.

Кабинетот на Болсонаро се уште не ја коменирал оддлуката на ЈуТјуб.

Социјалните мрежи Твитер и Фејсбук минатата година ги отстранија видео снимките од Болсонар поради кршење на условите за употреба, откако тој се спротивстави на препораките на глобалните експерти за јавно здравје.

Болсонаро на ЈуТјуб ги објавува неговите неделни видеа во кои тој ги поканува министрите, поставува прашања и зборува за своите непријатели.

За време на разговорите, кои исто така се појавуваат на неговиот профил на Фејсбук, тој редовно предизвикува сомнежи за сериозноста на вирусот и ограничувачките мерки. (МИА)

Коронавирус